Петровска до новите професионални војници: Бидете горди затоа што станувате дел од најпочитуваната институција

Прием на 200 професионални војници во АСРМ/ ФОТО- МИА

„Силна, опремена и модернизирана Армија, способна да одговори на сите предизвици. Тоа е Армијата на Република Северна Македонија денеска институцијата која ужива најголема доверба кај граѓаните и тоа навистина е огромна чест, но и обврска за сите нас“ истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната свеченост во касарната „Илинден“ по повод приемот на нови 200 професионални војници во редовите на македонската Армија.

Министерката на новите војници им порача, да бидат горди што стануваат дел од институција која функционира како едно семејство кое не препознава пол, вера, етничка припадност, институција која е најпочитувана, најценета, институција во која Министерството за одбрана и Генералштабот ќе бидат секогаш со нив.

„Наша задача е да бидете добро опремени, да работите во одлични услови, да имате ново и модерно вооружување, да имате плати кои одговараат на вашиот труд, енергијата и знаење кое го вложувате “ рече Петровска.

Петровска додаде дека од денес новите војници зачекоруваат во една институција чиј Буџет континуирано расте, во една професија во која сериозно се инвестира во условите за работа и стандардот на вработените и професија каде од исклучителна важност е развојот на човечкиот потенцијал.

„Од денес започнува вашата обука. Таа ќе биде спроведена од врвни професионалци кои својата кариера ја започнале како вас. Низ кариерата ќе имате можност да учите и од вашите колеги од НАТО сојузничките земји. Ќе учите, ќе соработувате и ќе продолжите да го градите системот на заштита, безбедност и отпорност, систем во кој сите ние земјите членки на најголемата воено политичка алијанса во светот, придонесуваме за глобалната стабилност и безбедност “, рече министерката Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот