Петровиќ: Освојување на Суперкупот би значело многу за КК Пелистер

фото: kfsm.mk

Вицешампионот Пелистер преку официјална прес-конференција го означи почетокот на новата сезона која за нив стартува во сабота навечер со натпреварот од кошаркарскиот Суперкуп „Драган Василов-Цевка“ во кој за противник го имаат бранителот на овој пехар, екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

Со доста изменет ростер и промена на првата тренерска позиција, на која сега е Александар Петровиќ, битолчани влегуваат во новата натпреварувачка сезона во која овој викенд ќе имаат шанса да атакуваат на својот прв трофеј во историјата. Оној кој го добива победникот во Суперкупот на Македонија, кој го носи името на Драган Василов-Цевка.

Нема да им биде лесно затоа што на другата страна од теренот е екипата која лани им ги одзема двете шанси за толку посакуван трофеј во кошаркарска Битола. На воведната прес-конференција, новиот шеф за стручниот штаб на „зелено-белите“ зборуваше за настапот во Суперкупот, со кој ќе стартува сезоната во македонската кошарка.

– Имаме сериозен ростер и ќе играме компетитивно во сите натпреварувања. Атмосферата е феноменална, имавме добри подготвителни натпревари и спремни сме за она што ни следи веќе деновиве. Цел ни е да играме убава кошарка „за око“, како што тоа беше случај веќе во подготовките. Освојување на Суперкупот би значело многу. Тоа би бил прв трофеј за клубот. По толку финалиња и успеси ни недостига еден трофеј и многу би значел за екипата. Во еден натпревар сите опции се отворени. Очекувам добар и гледлив натпревар и победа – изјави Петровиќ.

„Пелистерци“ в сабота (од 19.30 часот, пренос на МРТ3) во СРЦ „Кале“ ќе се судрат со шампионот МЗТ Скопје Аеродром во битката за својот прв трофеј во мак-баскетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот