Пет дена од убиството во Батинци, напаѓачите сè уште на слобода – Тошковски вели дека имаат конкретни информации за убијците

Batinci ubistvo
Фото: Принтскрин

„Имаме конкретни информации, имаме одредени индиции но не би можел во оваа фаза од постапката да кажам нешто повеќе“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „Слободен печат“ во врска со вооружениот напад во Батинци каде што животот го загуби едно лице.

Тошковски за „Слободен печат“ вели дека министерството мора да внимава со каква информација, и со каков став излегува во јавноста и најави жестока борба против овој тип на насилен криминал којшто во изминатите години бил многу зачестен.

Панче Тошковски / Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Во понеделникот наутро, околу 9 часот и 20 минути, во скопското село Батинци, две маскирани лица од „мерцедес“ во движење со автоматска пушка пукаа кон 34-годишниот Басри Ибраимовски и неговиот помал брат Зејнељ Ибраимовски. Басри почина на лице место, а Зејнељ со тешки повреди беше пренесен на скопските клиники.

Според малкумината очевидци, напаѓачите со своето возило избегале кон селото Драчевица.

По нападот, полициски екипи излегоа на терен, а беше и ангажиран и полициски хеликоптер се со цел да се најдат напаѓачите. Сепак, хеликоптерот не помогна и сè уште убијците се недостапни на органите на прогон.

За мотивите на нападот сè уште нема точни информации, но се претпоставува дека може да биде поврзано со крвна освета за инцидент што се случил пред околу 15 години, кога било убиено дете, што ги принудило браќата, кои биле мета на непознатите напаѓачи, да се скријат во Италија.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Тошковски: Толку дрога по улиците немало никогаш, мора да ги тргнеме криминалците од полицијата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот