Пешев: Авиолинија Скопје-Софија е добар „пи-ар“, но за економијата се поважни автопат и пруга

Фото: ТВ24/принтскрин

За извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев, идејата за авионска линија помеѓу Скопје и Софија е „добар пи-ар“, но тој не очекува дека нејзиното воведување драматично би ја променило економската слика.

Говорејќи на темата во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Пешев рече:

„Супер е како пи-ар, но ценам дека драматично нема да промени. Кога имате дестинација 200 километри и ако имате добар пат, тоа станува илузорно. Да не говориме, ако има брза железница, тоа би било апсолутно небитно. Генерално гледам позитивно, но не сметам дека тоа драматично ќе ја промени економската слика. За нас ќе биде многу важно од економски аспект фокусот да падне на железницата и на автопатското решение“, вели Пешев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот