„Перун Артис“ објави есеистичка биографија за Мери Шели од британската поетеса Фиона Сампсон

Насловна корица на книгата „Во потрага по Мери Шели“

Неодамна во издание на „Перун Артис“ од Битола излезе есеистичката биографија на Мери Шели, авторката на епохалниот роман „Франкенштајн“, со наслов „Во потрага по Мери Шели“ од познатата британска поетеса и есеистка Фиона Сампсон. Преводот е на Билјана Китановска.

За оваа книга „Економист“ напиша: „Во оваа прониклива нарација, Фиона Сампсон ја следи Мери Шели низ нејзиниот бурен живот, исто како што Виктор Франкенштајн го гонел своeто чудовиште низ арктичките простори. Сампсон напишала книга што конечно одговара на прашањето како една деветнаесетгодишна девојка успеала да напише роман толку темен, мистериозен, болен и психолошки прониклив, што продолжува да одекнува и по два века. Ниту еден претходен биограф никогаш навистина не го разгледал ова прашање, а камоли да го одговори.“

Фиона Сампсон е поетеса која двапати била номинирана за наградата „Т.С. Елиот“ и за наградата „Форвард“. Таа ја има добиено наградата „Чалмондели“, наградата „Њудигејт“ и Наградата за писатели од уметничките совети на Англија и Велс.

Исто така, таа е член на Кралското друштво за литература, член на Кралското друштво за уметности и член на доверителите на фондацијата „Вордсворт“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 249, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 28-29.09.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот