Перу погоден од разорен земјотрес од над 7 степени по Рихтер, почувствуван бил до Лима

Земјотрес со јачина од над 7 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Перу во областа Арекипа, при што се повредени осум лица, соопштија властите и Националниот геофизички институт.

Земјотресот се случил на длабочина од 42 километри околу полноќ во Тихиот Океан, осум километри од брегот на Каравели, 780 километри јужно од главниот град Лима.

Во градот Јаука од силината на потресот се урнале ѕидовите на куќите, а на еден од автопатите се отворила пукнатина, соопштија градските власти.

Во земјата како мерка на претпазливост издадено е предупредување за цунами неколку минути по земјотресот, по препорака на Централната канцеларија за хидрографија и навигација на морнарицата.

Земјотресот бил почувствуван до Лима и во голем дел од јужниот и централниот брег на Перу.

Перу, со население од околу 33 милиони, се наоѓа во Огнениот прстен на Пацификот, огромна област со силна сеизмичка активност. Секоја година Земјата е погодена од неколку стотици земјотреси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот