Пеплосани животни, изгорена шума, градови во чад! Вака изгледа Сибир (ВИДЕО)

На териториja од 3.700 хектари во сибирската република Јакутија во последните 24 часа пожарникарите локализираа десетина пожари, но тие и понатаму беснеат поради што на терен е испратена и руската војска.

Пожарите зафатија површина од 3 милиони хектари, се вели во последните податоци на Руската шумарска служба.

Метеоролозите најавуваат дожд во дел од подрачјата зафатени со огнот, но не се очекуваат поројни дождови кои би ги изгасиле пожарите.

Стотина руски градови се наоѓаат под чад поради пожарите кои траат веќе со денови. Иако огнената стихија не зафати населени подрачја, сепак густиот чад навлезе во околу 800 населени места. Фауната на зафатените подрачја е речиси целосно уништена, а на социјалните мрежи се шират фотографии од пеполосани животинки.

Во гаснењето учествуваат 734 луѓе, а од вчера помога и војската со 10 авиони и 10 воени хеликоптери.

Вонредна состојба е прогласена во четири региони. Се претпоставува дека дел од пожарите започнале како удар од громтевици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот