Пензионерите ќе добијат за 2.500 денари повисоки пензии

Пензионери / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Пензионерите од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите.

Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во септември и март. Поконкретно, на 1 септември 2024 година, сите видови пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари.

Целта на измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е обезбедување на пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите.

Линеарното зголемување на пензиите е едно од клучните исполнети предизборни ветувања на оваа Влада, која во фокусот на своето работење го има подобрувањето на економскиот статус на граѓаните и воопшто економската состојба на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот