Пензионери од повеќе градови се собраа во Прилеп за да прослават за покачените пензии

Пензионерите од Прилеп и неколку други градови од Македонија, кои подолг период протестираа за линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари, денеска се собраа во просториите на Здружението на пензионери во Прилеп.за да го одбележат еднократното зголемување на пензиите од 2.500 денари.

Тие имаа дури и подготвена торта со натпис „2.500 денари“.

„Радоста е голема бидејќи за нас значи многу 5.000 денари, што никогаш не би го заменила со 5,3% или 2,9% во 6 месеци од годината. Она што го зацртавме, го остваривме“, рече за ТВ „Сител“ Верче Јанческа, пензионер од Прилеп.

Тие се надеваат дека ќе бидат во целост прифатени и предлог-измените на законот за пензионери, со што веруваат дека ќе се решат сите нивни проблеми.

„Ја поздравувам изработката на новиот Закон за пензионери кој ќе ги опфати сите категории на пензионери, кој ќе ги реши сите суштествени проблеми и прашања на пензионерите и мислам дека со тој нов закон конечно еднаш засекогаш во Република Македонија пензионерите ќе имаат достоен живот“, рече Делче Максимоски, претставник на пензионерите од Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот