Пензионер од САД признал дека се борел за Украина, тврдат руски медиуми

Telegram

Стивен Хабард, 72-годишен државјанин на САД, пред судот во Москва се изјаснил за виновен по обвиненијата за платенички активности на страната на Украина, објавија државните медиуми во Русија.

Како што пренесува државната агенција РИА Новости, тој за време на сослушувањето во судот признал дека добил пари за да се бори за Украина со цел да помогне во одвраќањето на инвазијата од руските вооружени сили.

„Да, се согласувам со обвинението“, рекол Хабард на денешното рочиште во Москва, според руските медиуми.

Обвинителите тврдат дека Хабард потпишал договор со украинската единица за територијална одбрана во градот Изум кога Русија ја започнала својата инвазија на Украина во февруари 2022 година. Според обвинителството, Хабард се согласил да се бори за Украина за 1.000 долари месечно и наводно добил обука, оружје и муниција.

Тој беше заробен од руски војници на 2 април 2022 година. Амбасадата на САД во Москва не ја коментираше ситуацијата поради, како што рече, ограничувањата на приватноста. Минатата недела, московскиот суд му одреди на Хабард притвор најмалку до 26 март 2025 година.

Хабард е роден во Мичиген, а државните медиуми во Русија претходно објавија дека тој се преселил во Харков во источна Украина во 2014 година. Што се случувало со Хабард, односно дали и какви мерки имало за него претходно останува непознато бидејќи немаше известувања или официјални изјави за неговото апсење и за тоа како завршил во Москва.

На крајот на мај 2022 година, три месеци откако Русија ја започна својата агресија против Украина, канали на Телеграм и медиумите блиски до руската влада објавија видео од човек кој тврди дека е Стивен Џејмс Хабард, кој вели дека се преселил во градот Изум во регионот на Харков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот