Пелистер ќе игра против тимот на Никола Јокиќ

Фото: KK Joker

Tимот на Врашац преку сооопштение го откажа својот настап во АБА2 лигата, но организаторите брзо реагираа и најдоа замена.

Во натпреварувањето влегува Кошаркарскиот клуб Џокер од Сомбор кој е во сопственост на Никола Јокиќ. Прво покана за настап во АБА2 доби Слобода Ужица, но тие ја одбија бидејќи требаше да платат 25.000 евра за учеството. Од Џокер ја искористијата можноста и за првпат во својата кратка историја ќе се појават на меѓународна сцена.

Станува збор за клуб кој е формиран во 2002 година под името СО Кош, а во 2017 година Јокиќ го презема и го преименува во Џокер поради неговиот прекар. Во претходните четири години два пати учествуваа во завршницата на Купот на Србија, а беа одлични и во српските лиги.

Џокер ќе биде сместен во групата во која се наоѓа и македонскиот вицешампион Пелистер. Дебито на меѓународна сцена клубот од Сомбор ќе го има на 2 октомври кога ќе гостува на Подгорица. Тренер на тимот е некогашниот предводник на МЗТ Скопје, Жељко Лукајиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот