Пејачот на познатиот хит пронајден мртов во својот дом, имаше 49 години

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пејачот на бендот „Крејзи таун“ (Crazy Town) Сет Бинзер, познат под прекарот Шифти Шелшок, почина на 49-годишна возраст, јавуваат светските медиуми.

Пејачот го пронашле мртов во неговиот дом во Лос Анџелес. Причината за смртта сè уште не е позната.

Шифти Шелшок се прослави во раните 2000-ти со „Крејзи таун“, чиј најголем хит беше „Butterfly“, кој беше број еден на музичките топ листи во светот, вклучувајќи го и Билборд хот 100.

Бендот издаде следен албум во 2002 година, но набрзо се распадна по лошиот комерцијален настап. „Крејзи таун“ повторно се формираше во 2007 година и го издаде својот трет албум, „The Brimstone Sluggers“, во 2015 година.

Надвор од „Крејзи таун“, Шифти Шелшок имаше хит со британскиот продуцент Пол Оукенфолд, вклучувајќи го и „Starry Eyed Surprise“.

Бинзер со години се бореше со зависноста од дрога и алкохол, па дури беше и во кома.

Пејачот долго време се бореше со злоупотреба на дрога и се појавуваше во различни реални шоуа за да си помогне да се избори со зависноста, вклучувајќи ги првиот и вториот дел на „Celebrity Rehab“ и првиот и вториот дел на „Sober House“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот