Печете и уживајте: Рецепт за фантастични полнети компири кои ќе ве стоплат оваа есен

Фото: Tatiana Volgutova / Alamy / Alamy / Profimedia

Крцкава сланина, миризлив крем од лук и павлака се добитна комбинација за префинети полнети компири.

Со само неколку состојки, можете лесно да подготвите специјалитети идеални за секоја прилика. Печените компири се едно од оние јадења за кои не е потребна вештина во кујната, а најзабавниот дел е да ги наполните со вашите омилени состојки. Послужете ги со салата и уживајте.

Состојки:
8 средни компири
2 супени лажици маслиново масло
300 г кисела павлака
150 г сланина
2 главици млад кромид
една китка власец
1 мала главица лук

Подготовка:
Компирите исчистете ги, добро измијте ги и исушете ги.

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Сланината исечкајте ја на тенки кришки и ставете ја на тавчето да се пржи. Кога ќе стане крцкава, извадете ја и оставете ја на страна, а маслото зачувајте го.

Избоцкајте ги компирите, па посипете ги со масло и наслоте. Ставете ги во рерна на решетката, под која ставате плех. Печете околу час и 20 минути или додека не се испечени.

Исечето го врвот на главата на лукот, подмачкајте го со масло, завиткајте го во алуминиумска фолија и ставете го во рерна. Извадете го по 45 минути и оставете да се излади.

Измешајте кисела павлака, сечканиот млад кромид и сечканиот власец.

Исцедете го печениот лук од обвивката, а потоа додадете малку масло од сланината и измешајте.

Секој компир исечете го со кора и премачкајте го со крем со лук, додадете крем со кромид и посипете со крцкава сланина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот