Пазарните инспектори врачиле 250 прекршочни налози

Фото: МИА

250 прекршочни платни налози во вредност од над 10,5 милиони денари врачиле пазарните инспектори за разни прекршоци од кои најголемиот дел по Законот за трговија. Вкупно од почетокот на мај досега биле извршени над 1.100 надзори.

-Покрај овие надзори, ДПИ постапува и по владините одлуки за замрзнатите цени, како и обврската на увозниците и на трговците да доставуваат стоки по маркетите. По овие Одлуки во горенаведениот период, извршени се над 360 надзори, а издадени се 53 прекршочни платни налози во вредност од над 1,1 милиони денари – велат од ДПИ.

Од институцијата уште еднаш порачаа дека сите економски субјекти, имаат можност да си ги платат прекшочните платни налози, или да си го остварат своето право доколку имаат забелешка во судска постапка. Инспекторите кои што констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските рочишта, и ќе ги застапуваат и бранат законите по кои што ги констатирале прекршоците.

Државниот пазарен инспекторат е и понатаму на терен, постапува во согласност со своите надлежности, врши редовни и вонредни надзори и контроли.

Мерките на Владата за замрзнатите цени на зеленчукот и овошјето ќе траат до крајот на мај, а тоа се однесува и на плафонирањето на цените на белиот и полубелиот леб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот