Парламентот не го избра Желјазков за премиер на Бугарија

Росен Желјазков - / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Бугарскиот Парламент денеска го отфрли предлогот за формирање нова влада, предложен од централнодесничарската партија ГЕРБ, што најверојатно ќе ја доближи земјата до нови избори, седми по ред во изминатите три години.

Партијата ГЕРБ, која освои првото место на изборите во јуни, има 68 пратеници во Националното собрание од вкупно 240 места.

ГЕРБ предложи Росен Желјазков, актуелниот претседател на Парламентот, да ја води новата влада наместо нејзиниот лидер Бојко Борисов, кој претходно водеше три влади меѓу 2009 и 2021 година, кога неговиот трет кабинет поднесе оставка по масовните антикорупциски протести.

Иако Борисов се обиде да најде коалициски партнери во други помали партии, тој не успеа да обезбеди доволна поддршка.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев следниот мандат за формирање влада ќе го предаде на партијата Движење за права и слободи (ДПС), која според освоените гласови на изборите е на второ место.

Аналитичарите прогнозираат дека по неуспехот на првото гласање ќе биде тешко да се формира одржлива коалиција во овој Парламент и дека најверојатната опција е одржување нови избори, кои само ќе ја продлабочат политичката криза во најсиромашната земја-членка на Европска Унија.

Гледаме дека политичката криза продолжува. За нејзино решавање не е потребно само ставање настрана личните и партиските интереси. Тоа бара и адекватност. Она што го видовме денеска е дека личните напади доминираа над политичките тези, а фокусот беше повеќе на минатото отколку на сегашноста, истакна Радев откако пратениците ја одбија кандидатурата на Желјазков за премиер со мандатот доделен на ГЕРБ-СДС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот