Парламентот на Финска го одобри Договорот за соработка во одбраната со САД

Финска/ Фото EPA/MAURITZ ANTIN

Финскиот парламент едногласно го одобри Договорот за одбранбена соработка (ДЦА) меѓу Финска и САД кој на американската војска и дава право да користи 15 локални воени објекти.

Врз основа на договорот, американската воена опрема и војници би можеле да бидат стационирани во Финска, јавија фински медиуми.

Договорот веќе беше потпишан во декември, но финскиот Парламент не го одобри.

Пратеничката Ана Контула од Левиот сојуз предложи да се отфрли договорот, но нејзиниот предлог не беше поддржан.

Уставната комисија заклучи дека договорот мора да биде одобрен со двотретинско мнозинство пратеници, а според комисијата, во голема мера е во согласност со Уставот. Договорот за одбранбена соработка (ДЦА) го олеснува движењето и операциите на американските трупи во Финска.

Според тој договор, одбранбена опрема, материјали и воен персонал може да се испраќаат од САД во Финска.

Финска, меѓу другото, отвора 15 свои воени бази за можна употреба на САД. САД имаат слични договори за одбранбена соработка со повеќе од 20 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот