Парламентарни избори утре во Австрија, крајната десница очекува победа

Херберт Кикл од ФПО/ Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Австријците утре ќе гласаат на парламентарните избори на кои за првпат би можела да победи крајнодесничарската опозициска Партија на слободата (ФПО).

Иако анкетите покажуваат дека изборната трка ќе биде тесна, лидерот на ФПО, Херберт Кикл, најави победа.

Партијата ФПО, фокусирана на антиимигрантската политика, има јасно водство во анкетите повеќе од една година, потпомогната од разочарувањето на гласачите од повисоката инфлација од ЕУ и нестабилната австриска економија.

На овие избори се очекува рекорден број Австријци да гласаат по пошта, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Право на учество на изборите за Националниот совет – Долниот дом на австрискиот Парламент имаат 6.346.059 австриски граѓани на возраст над 16 години.

Според податоците на МВР, во осум часот наутро, кога ќе бидат отворени избирачките места, веќе ќе имаат завршено со гласање 1.436.240 граѓани, што претставува 22,6 отсто од гласачите. Ова е бројот на гласачки ливчиња издадени од органите за гласање по пошта.

Нивниот број е рекорден, на последните избори пред пет години беше нешто повеќе од еден милион, а во 2017 година околу 889.000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот