Папата во бела јакна – почеток на нова ера на дезинформации

На крајот на март оваа година, сликата на папата Франциск облечен во светкава бела монтка го обиколи светот. Неколку дена претходно, милиони луѓе ширум светот видоа серија слики на Доналд Трамп како е уапсен и одведен во затвор. Меѓутоа, овие слики не беа реални: Трамп не беше во полициски притвор, а папата Франциск никогаш не ја облече споменатата несреќна монтка. Сликите се создадени со помош на вештачка интелигенција (Artificial Intelligence – AI), моќна технологија која е способна да произведува содржини во различни формати – текст, аудио или визуелни – од инструкции дадени од корисниците, кои се нарекуваат „промптови“ (поттикнувања).

Многу е веројатно дека и во двата споменати случаи, многу интернет корисници без проблем ја препознале оваа содржина како лажна. Таа воедно многу брзо стана тема за проверка и на голем број страници за проверка на факти ширум светот. Особено во случајот со сликите од апсењето на Доналд Трамп беше лесно да се провери веродостојноста на содржината, со оглед на тоа што ниту еден информативен портал не објави толку значајна и сензационалистичка вест, каква што несомнено би била апсењето на Доналд Трамп. Меѓутоа неспорно е дека за друг дел од интернет корисниците оваа содржина делувала како нешто веродостојно и реално. Па така, случајот со папата Франциско и неговата лажна слика во светкава монтка на социјалната мрежа Твитер го доби епитетот „првиот вистински случај за масовно дезинформирање создаден со помош на вештачка интелигенција’.

Познати се авторите на лажните слики од нашава приказна. Американски онлајн магазин го интервјуираше 31-годишниот градежен работник од Чикаго кој прв ја објави сликата на папата генерирана со вештачка интелигенција на веб-страницата на форумот за социјални вести и дискусии Редит, како и во Фејсбук група посветена на вештачката интелигенција. Првичната идеја зад објавувањето на фотографијата била таа да биде пример за генерирана уметност, без да стане предмет на глобална сензација.

Од друга страна, серијата фотографии од наводното апсење на Доналд Трамп првично ги твитна Елиот Хигинс, ни помалку ни повеќе туку основачот на сега надалеку познатиот проектн Беллингцат – независен меѓународен колектив на истражувачки новинари и граѓански експерти кои се фокусираат на социјалните мрежи и отворените извори за да испитуваат различни теми.

Господин Хигинс ги сподели фотографиите без воден печат на нив или јасна индикација за нивната (не)веродостојност, што би било основна мерка на претпазливост за проверувачите на факти со цел да се избегне ненамерно ширење лажни содржини.

Зад фразата „генеративни системи за вештачка интелигенција (АИ алатки)“ всушност се крие тип на технологија за вештачка интелигенција која може да произведе различни типови на содржина вклучувајќи текст, слики, аудио и синтетички податоци.

Иако генеративните системи за вештачка интелигенција (АИ алатки) всушност постојат повеќе од половина година (како  Midjourney или Dall-E  системите за вештачка интелигенција кои беа пуштени во јавност минатиот јули во бета верзија со отворен пристап), тешко дека може да се смета за случајност тоа што одиграа клучна улога во инцидентот со масовно дезинформирање во истите недели кога друга технологија стана предмет на јавно мислење ширум светот во форма на генеративна вештачка интелигенција (АИ) со текстуален израз, од кои сега веќе најпознатата Опен АИ ГПТ, но и други слични програми и алатки познати како „големи јазични модели“ (Large Language Models – LLM).

Широка дискусија во јавното мислење за Чат – ЏиПиТи чатботот (софтверска апликација што овозможува онлајн комуникација и интеракција без вклучување на човечкиот фактор) – но и следната итерација, ГПТ-4 (која, меѓу другото, прифаќа и текст и слика) и последиците од  неговото појавување и постоење во медиумите и информацискиот систем, оди паралелно со новите предизвици кои произлегуваат од постарите, но не помалку влијателни, генеративни алатки за вештачка интелигенција со визуелни резултати.

Соодветно на тоа, крајот на март оваа 2023 година дефинитивно претставува пресвртница и воедно почеток на нова ера за дезинформациите и нивното ширење, во која технолошкиот напредок воведува нова динамика во производството и ширењето на лажни и ненамерно лажно-наведувачки содржини.

За тоа на кој начин на ширење на дезинформации ќе влијае текстуалниот израз како производ на генеративните алатки на вештачката интелигенција, а на кој визуелнот израз, ќе стане збор во следниот текст, во кој подетално ќе се занимаваме со оваа тема.

Од перспектива на дезинформирање, алатките како чет-ботовите базирани на генеративна вештачка интелигенција на корисниците им даваат непосреден пристап до резултати кои не мора да значи дека се сигурни или точни, додека, пак, визуелните изрази како крајни производи на овие алатки им даваат на злонамерните актери невидена способност да произведуваат реални слики и видеа.

Во времето кое доаѓа, пред науката е сериозната задача да се позанимава со истражување на сите начини на кои вештачката интелигенција ги вклучува прстите во ширењето на  дезинформациите, така што сите оние кои се на фронтот во борбата против дезинформациите ќе можат што поуспешно да се снајдат во новата ера, која, без сомнение, веќе започна.

Извор: Demostat Автор: Тамара Бајчиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот