Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ се судиите кои одредија мерки за претпазливост за осомничените за упадот во М-НАВ

Основен кривичен суд - табла / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ се судиите кои одредија мерка на претпазливост за осомничените за упадот во М-НАВ а не и притвор, објави Телма. Осомничените со ваквата одлука на судиите, добија забрана да го напуштат живеалиштето, одземени им се пасошите и треба повремено да се јавуваат во судот. Забрането им е и да комуницираат со оштетениот и меѓу себе. Засега нема објаснување зошто е одбиен предлогот на Обвинителството да добијат притвор. Обвинителството најави дека ќе се жали на одлуката.

Судијата Пајазит Пајазити е заменик претседател на Кривичниот Суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот