Пад на економијата во еврозоната од 8 до 12 отсто

Кристин Лагард, директорка на ЕЦБ / Фото: Архива

Податоците од статистиките на Европската унија, Евростат, покажале дека економиите на ЕУ и Еврозоната забележале пад од 3,5 отсто односно 3,8 отсто во првиот квартал од годината.

Претседателката на Европската централна банка оценува дека поради пандемијата од корона вирусот економијата во еврозоната ќе доживее пад од 8 до 12 отсто, а сценариото за умерен раст на Европската централна банка е „ставено на пауза“.

Лагард претходно изјавуваше дека падот на економијата во еврозоната оваа година ќе се движи од 5 до 12 проценти, но сега според последните проценки минималната граница се искачи на повисоко ниво.

Податоците од статистиките на Европската унија, Евростат, покажале дека економиите на ЕУ и Еврозоната забележале пад од 3,5 отсто односно 3,8 отсто во првиот квартал од годината.

Во вториот квартал, поради запирањето на економските активности, се очекува пад од 10 до 20 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот