Овие сто дена ги живеевме последиците од владеењето на СДСМ и ДУИ, вели Димитровски

Зоран Димитровски од Демократскиот сојуз во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ вечерва рече дека во изминатите сто дена сме ги живееле „последиците од владеењето на СДСМ и ДУИ, како и обидот на оваа влада да ги санира овие последици“.

„Последиците ги живееме и финалето е раздвојувањето – одлуката Албанија да продолжи, а Македонија не. Девастација на финансискиот систем, непланирање на буџетски средства за функционирање на институциите и сето тоа се санира, финалето во таа смисла е заемот од Унгарија во смисла да се отпочне свеж бран на финансирање на опшините“, рече тој

„Унгарскиот кредит е поволен. Кога СДСМ се задолжуваше со еврообрзници, никој не беше вклучен од фелата што се занимава со финансирање и економија, туку само ги известуваа граѓаните дека ќе се задолжат со обврзници“, рече Димитровски.

Димитровски беше заменик-министер во владата на СДСМ и ДУИ, во која Демократскиот сојуз беше коалициски партнер до лани во февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот