Овесната каша е здрава, но овие луѓе треба да бидат особено претпазливи

Фото: Профимедиа

Овесната каша станува сè попопуларен оброк за сите генерации. Содржи многу влакна, тоа има благотворно дејство на цревната микрофлора, но не им користи на сите.

Биотехнологот Димитриј Бистров откри дека одредени луѓе треба да бидат особено претпазливи.

– Луѓето со синдром на иритабилно (нервозно) црево или други гастроинтестинални проблеми треба да бидат внимателни и постепено да воведуваат овесна каша во својата исхрана – порачува тој.

Фитинската киселина, која се наоѓа во овесните снегулки, може да ја попречи апсорпцијата на калциум, магнезиум, железо и цинк. Кај луѓето со неурамнотежена исхрана, тоа доведува до недостиг на важни микроелементи.

Кај некои, овесната каша може да предизвика индивидуални алергиски реакции: осип на кожата, чешање, оток, дури и анафилактичен шок во особено тешки случаи.

Истражувачите неодамна проучувале како консумирањето овесни снегулки може да влијае на нивото на инсулинот, губењето на тежината и на намалувањето на ризикот од дијабетес. Според резултатите од студијата, консумирањето на овие намирници се смета за корисна форма на диетална интервенција, особено кај луѓето кои имаат слабо контролиран дијабетес тип 2.

– Бета-глуканот, растворливи влакна присутни во овесот, може да помогне во намалувањето на нивото на гликозата и холестеролот – заклучиле истражувачите.

Меѓутоа, на луѓето со дијабетес и други метаболички нарушувања им се советува да ја следат количината на овесна каша што ја консумираат.

Роксана Ехсани, регистриран диететичар нутриционист, предупредува дека „ако имате чувствителен стомак, влакната во овесната каша може да предизвикаат надуеност и гасови“. Затоа, ако ви е тешко да толерирате храна богата со влакна, можеби ќе сакате да размислите за алтернативи со пониско ниво на влакна.

За луѓето со целијакија, важно е да бараат сертифициран овес без глутен, бидејќи обичниот овес често може да содржи глутен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот