Ова се случува кога си обожавател на Ричард Гир – вели Муртезани за гафот со евроамбасадорот Дејвид Гир

фото: ФБ, Орхан Муртезани

Ова се случува кога си обожавател на познатиот актер Ричард Гир, напиша министерот за европски прашања Орхан Муртезани на „Фејсбук“ и се пошегува на својата сметка откако вчера по средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир во изјава за медиумите направи гаф и рече дека имал успешна средба со амбасадорот на европската делегација Ричард Гир.

Во изјавата, Муртезани рече дека го уверил евроамбасадорот дека земјата осанува посветена на европската агенда што, како што посочи, се потврдува и со Програмата на Владата.

– Препораките и сугестиите на нашите стратешки пријатели ги слушаме со големо внимание, а доказ за тоа се брзите конкретни чекори на новата Влада во однос на усвојување на реформската агенда, рече Муртезани.

Тој информираше дека на првата владина конститутивна седница Владата ги задолжила сите министерства, заклучно со 4 јули да ги достават сите евентуални забелешки и препораки во однос на реформската агенда.

Министерот за европски прашања го помеша Дејвид со Ричард Гир

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот