Ова јадење важи за најздравата вечера на светот: Брзо топи килограми, а се подготвува за само 5 минути

Фото: Kvitochka / GoodFon

„Појадувај како крал, ручај како принц, а вечерај како сиромашен“ – на сите ни е позната оваа народна изрека која не настанала туку-така и се одржала сè до денес.

За само пет минути, ќе ја имате највкусната и најздравата вечера која сигурно ќе ве задоволи и засите.

Нутриционистите често ја нагласуваат важноста на лесната вечера за правилна исхрана, па затоа е многу важно тогаш да јадеме лесно и без претерување.

Иако многумина во процесот на слабеење одлучуваат да ја прескокнат вечерата, експертите предупредуваат дека тоа може да доведе до спротивен ефект. Прескокнувањето на оброците, особено вечерата, може да предизвика чувство на глад во текот на ноќта, што може да ве натера нешто да грицнете кога не треба, да речеме околу полноќ.

Затоа е важно да подготвите лесен, но хранлив оброк кој не само што го задоволува вашиот апетит, туку помага и во поттикнувањето на метаболизмот и согорувањето на калориите. Еден од идеалните избори за ваква вечера е едноставната кајгана со протеини, зачинета со ароматични билки, која можете да ја подготвите за само пет минути.

Состојки:

– 1 цело јајце
– 3 белки
– свеж власец
– 1 лажичка магдонос
– 1 лажичка босилек
– 1 лажичка мајчина душица
– прстофат сол

Подготовка:

Овој едноставен рецепт бара минимален труд и време, а дава вкусен и здрав оброк. Најпрво ситно исечкајте го свежиот власец. Во сад изматете цело јајце и три белки, додавајќи ги сечканиот власец, магдонос, босилек, мајчина душица и сол. Загрејте ја тавата на шпоретот и подгответе ја кајганата на вообичаен начин.

Нутритивна вредност:

Оваа кајгана содржи околу 200 калории, што е идеално за доцен оброк. Поради високата содржина на протеини, овој оброк не само што брзо ќе ве засити, туку позитивно ќе влијае и на тонусот на мускулите, што е од големо важност за оние што сакаат да ослабат и да ја задржат силата. Исто така, по желба, заедно со кајганата можете да додадете и двопек, со што ќе го комплетирате овој лесен оброк.

Пријатно, уживајте!

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот