Ова е земјата во Европа каде најубаво се старее: Нова студија покажа каде луѓето живеат најдолго и со најдобро здравје

Повозрасни туристи во Малта / Фото: Charles Polidano / Alamy / Alamy / Profimedia

Бројот на години во кои се очекува човек роден во Европската унија да живее здраво, без никакви проблеми, се проценува на 62,8 години за жените и 62,4 години за мажите, а најповолни резултати се забележани во Малта, покажа денеска го објави истражувањето на Еуростат за 2022 година.

Жените во Малта можат да очекуваат да поминат 70,3 години без никакво ограничување на активноста поради здравјето, а мажите 70,1 година, што и во двата случаи е највисоката бројка забележана во Европската унија.

Ако се фокусираме на жените, граѓанките на Бугарија (68,9 години) и Словенија (68,5 години), исто така, може да очекуваат дека ќе проживеат квалитетен и здрав живот.

Спротивно на тоа, Данките можат да очекуваат само 54,6 години добро здравје, Летонките 55,4 години, а Холанѓанките 56,3 години.

Шведските мажи може да очекуваат да поминат 67,5 години во добро здравје, а Италијанците 67,1 година, додека најнеповолни резултати за мажите се забележани во Летонија (53 години), Словачка (56,6 години) и Данска (57,1 години).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот