Ова е најнездравото сирење: Многумина го обожаваат, но не знаат дека го уништува срцето

Unsplash
Фото: Unsplash

Можеби ќе треба да размислите за видот на сирење што го купувате, бидејќи не се сите подеднакво здрави.

Сепак, треба да се напомене дека овој факт не значи дека треба целосно да избегнувате да го јадете.

– Сите намирници, вклучително и сирењето, може да се консумираат умерено – вели нутриционистот Тоби Амидор во интервјуто за списанието „Јади го ова, не она“ (Eat This, Not That).

Фото: Needpix

Меѓутоа, некои сирења содржат голема количина на заситени масти, што може негативно да влијае на нашето здравје. Поради оваа причина, многу нутриционисти веруваат дека синото или „мувлосаното“ сирење е најнездраво.

Имено, 135 грама сино сирење содржи 35 грама заситени масти, што го прави едно од најнездравите сирења што можете да ги изберете. Исхраната богата со заситени масти е поврзана со зголемено ниво на лошиот (ЛДЛ) холестерол, што го зголемува ризикот од срцеви болести и мозочен удар, објаснува Амидор.

Консумирањето големи порции сино сирење може да доведе и до зголемување на телесната тежина.

Насоките за исхрана за Американците 2020 – 2025 (ДГА) препорачуваат дека секојдневната исхрана на луѓето не треба да содржи повеќе од 10 отсто заситени масти.

Фото: Pxhere

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот