Отворањето на фестивалот „Мирдита, добар ден“ во Белград помина со протести на десничарите

Отворањето на фестивалот „Мирдита, добар ден“ во организација на иницијативата на младите сили за човекови права, кое се одржало вчера во Белград, било попречено од страна на десничарите кои демонстрирале, а бил поставен и полициски кордон, пренесува блиц.рс

Како што пренесуваат тамошните репортери, десничарите се туркале со полицијата, носеле слики од злосторства во Косово и Метохија, и скандирале „Ова е Србија“.

Фестивалот „Мирдита, добар ден“, има за цел претставување на современата културна сцена на Приштина во Белград, бил отворен со изложбата „Ајде да водиме љубов“, на авторот Шкумбин Тафилај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот