Отстранета дива депонија во близина на Амбасадата на САД во Скопје

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје синоќа отстранија дива депонија на булеварот „Никола Карев“, во близина на Амбасадата на САД.

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

-Подигнати и транспортирани се приближно 40 кубни метри отпад. По отстранувањето на дивата депонија, беше спроведено и рачно миење на микролокацијата. Активностите се реализираа во соработка со ЈП Улици и патишта и ЈП Паркови и зеленило, се вели во соопштението.

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

Овој реон, како што велат од претпријатието, претставува „црна точка“, на која континуирано се фрла отпад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот