По 40 години читач од усни откри што ѝ рекла кралицата на принцезата Дијана на денот на венчавката

Фото: - / Shutterstock Editorial / Profimedia

Принцезата Дијана и Чарлс, тогашен британскиот принц, се венчаа во јули 1981 година, а нивната венчавка беше проследена низ целиот свет.

Еден читач од усни сега откри за „Дејли мејл“ што сега покојната кралица Елизабета Втора ѝ рекла на Дијана на балконот на палатата на денот на венчавката.

Читачот од усни открил дека Чарлс тогаш ѝ рекол на Дијана: „Изгледаш совршено. Дај ми ја раката“, што таа и го направила, а откако другите членови на кралското семејство им се придружиле на балконот, кралицата Елизабета покажала на толпата и ѝ шепнала на принцезата Дијана да ги „погледне сите оние луѓе кои чекаат таму цел ден само за да ја видат“, пишува „Дејли мејл“.

Кога идниот крал ја видел својата невеста, го дочекале скандирања „бакнете ја“, што тој тоа го испочитувал.

Извори рекле дека и покрај нејзината срамежливост, Дијана го сакала гламурот што го добива со мажењето за принц, а имало „солзи“ и шампањ кога го објавила тоа.

Да потсетиме, на 29 јули 1981 година, Чарлс, тогашниот принц од Велс, се ожени со леди Дијана Спенсер, најмладата ќерка на Џон Спенсер, осмиот гроф од Спенсер и глава на една од најпознатите и најстарите аристократски куќи во Велика Британија, за која многумина велат дека има посина крв од најсината кралска крв.

Врската помеѓу Дајана и Чарлс пред нивниот брак всушност не ни постоела. Пред венчавката се сретнале само неколкупати, а Дијана на својот иден сопруг му се обраќала со „господине“. При објавувањето на свршувачката, на сите им станало јасно дека Чарлс не е вљубен во својата идна сопруга, но тоа изгледа никому не му претставувало проблем.

За жал, нивниот брак заврши со развод, а неколку години подоцна принцезата Дијана го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа во Париз.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот