Откриени деталите од разводот на Милан Калиниќ со Сандра: Бракот на водителот му се распаднал на почетокот на годината

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српскиот драмски уметник и неговата сопруга решиле да стават крај на брачната заедница пред неколку месеци, кога сфатиле дека за нив и за нивните деца е најдобро секој да тргне по својот пат.

Веста дека актерот и водител Милан Калиниќ се разведува од сопругата Сандра по 18 години брак ја шокираше јавноста. Двајцата се во брак од 2006 година и се родители на две деца.

Како што дознава српски „Курир“ од извор близок на Калиниќ, тој и неговата сопруга одлучиле да стават точка на бракот на почетокот на оваа година, кога решиле дека за нив и за нивните деца е најдобро секој да оди по својот пат.

Милан набрзо го напуштил заедничкиот стан во Вождовац каде што живееле со години и веднаш почнал да бара нова недвижност за себе. Во меѓувреме, се преселил во станот кај мајка му, со која од неодамна е повторно неразделен.

Дека односите помеѓу наскоро поранешните сопружници одамна не се најдобри говори и тоа што тие долго време не се појавувале заедно во јавноста, а наместо тоа тој доаѓал на јавни настани и премиери или сам или во друштво на мајка му Боба.

Во оваа прилика, од српски „Телеграф“ го контактирале Милан за да ги проверат овие тврдења, на што тој многу љубезно одговорил:

– Навистина немам информации и немам ниту коментар за такви работи. Ви благодарам многу – изјавил Милан за „Телеграф“.

Да потсетиме, двојката се венча во 2006 година во црквата „Свети Марко“, а во бракот добија две деца, ќерката Теа и синот Вук.

ВИДЕО | Милан Калиниќ ја шокираше јавноста со изјавата на син му: „Тато, јас гледав порно филмови“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот