Откако беше осуден за педофилија, актерот од „Луд, збунет, нормален“ изгуби улога во нова серија

Фото: Скриншот/Јутјуб

Босанскиот актер Моамер Касумовиќ, најпознат по улогата на Дамир Фазлиновиќ од серијата „Луд, збунет, нормален“, е исфрлен од новата серија „Ало такси“.  Продукцијата на серијата е прекината бидејќи Касумовиќ беше осуден за кривично дело блуд над малолетник, потврди сценаристот Феѓа Исовиќ, кој ќе ангажира нов актер за „Ало такси“.

„Шокиран сум од тоа што беше откриено. Целиот тим, целата продукција е во шок. Отпрвин не можевме да поверуваме дека се случило такво нешто, мислевме дека е гласина, дека е лага. Сепак, се покажа дека е вистина. Навистина, сите сме шокирани. Ги суспендираме сите проекти во кои е вклучен. Минатата година направивме пилот серија со него. Штом дознавме за ова, ја прекинавме продукцијата на таа серија. Ако се погодни условите, ќе ја снимаме серијата со друг актер“, изјави Исовиќ за Касумовиќ, кој е осуден на една година затвор, која ја „откупил“ со плаќање 36.500 конвертибилни марки, или 18.250 евра, и со тоа избегнал да оди во затвор.

Како што пренесува порталот „Рапорт“ , за случајот се дознало на 16 септември, по изведбата на претставата „Тивко, потивко“ („Tiho, tiše“) на Народниот театар во Белград, во рамки на шестото издание на Сараево фест во Народниот театар во Сараево. Оваа претстава ја обработува темата за врсничкото насилство, а по изведбата имало дискусија со публиката.

Како што се наведува, тогаш еден млад човек се огласил од публиката и рекол дека бил жртва на педофилија кога имал 14 години, а дека сторителот бил познат актер. На прашањето за кого се работи, младиот човек одговорил – Моамер Касумовиќ. За време на ова шокантно признание, момчето рекло дека целиот случај има судски епилог и дека е донесена судска пресуда.

Да потсетиме, Моамер Касумовиќ е познат босански актер кој има играно во бројни претстави и телевизиски серии, меѓу кои најпозната е комичната серија „Луд, збунет, нормален“ („Lud, zbunjen, normalan“). Касумовиќ го глумеше „нормалниот син и внук“ Дамир Фазлиновиќ.

Сексуалното насилство се случило во 2021 година, а потоа следувале пријава и судски процес кои резултирале со пресуда.

„Рапорт“ пишува дека има индиции дека овој млад човек не е единствената жртва на 42-годишната Касумовиќ, бидејќи во нивната редакција наводно се јавил уште еден млад човек, за кој, како што велат, може да се поведе нова истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот