Осумнаесет затвореници избегаа од затвор во Пакистан

Фото: EPA/EFE

Осумнаесет затвореници, од кои некои се осудени на смрт, избегаа од затвор на Хималаите во областа Кашмир во Пакистан, соопштија денеска локалните власти.

Според официјални лица, еден од бегалците имал пиштол со кој го совладал чуварот и ги украл клучевите од затворските ќелии.

Началникот на локалната полиција Ријаз Мугал изјави дека еден од затворениците починал ден претходно кога се обидел да побегне од затворот Равалакот.

Мугал рече дека е започната голема потера по сите оние што избегале, шефот на затворот е суспендиран, а неколку службеници се приведени на сослушување.

Шестмина избегани затвореници беа осудени на смрт, а тројца служеа доживотна казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот