Осум девојки ќе се натпреваруваат за жетварска убавица – започнуваат 33. „Денови на кочанскиот ориз 2024“

Денови на кочански ориз/фото: Општина Кочани

Овој викенд ќе се одржат 33. „Денови на кочанскиот ориз 2024“. Манифестацијата започнува со крунисување на годинашната жетварска убавица, музичка вечер со настап на македонската поп-ѕвезда Каролина и со забава со диџеј Ацко.

– Изборот на жетварска убавица ќе се одржи в петок со почеток од 20:00 часот, на платото во Градскиот парк. Годинава во конкуренцијата се осум прекрасни девојки. Нашата традиција продолжува во меѓународна насока, па така ни претставува огромно задоволство да ве известиме дека оваа година ќе бидеме домаќини на гости од Црна Гора, Бугарија, Србија, Словенија, Унгарија, Босна и Херцеговина, како и од други градови од нашата држава. В сабота претпладне, ќе биде отворена изложба на дела од нашата ликовна колонија „Свети Пантелејмон“, по што ќе следува празнично дефиле на здруженија, фолклорни ансамбли, институции и на други групи, кои ќе настапат на летната сцена во паркот – истакна Ивана Карова-Коцева од Организацискиот одбор на манифестацијата.

Предвидени се повеќе музичко-забавни содржини за различни генерации, а ќе бидат поставени и продажно-рекламни штандови од фирми и здруженија од Кочани.

– Очекувам да имаме успешна манифестација, со што ќе ја продолжиме 33-годишната традиција на одбележување на жетвените активности на оризот како главна земјоделска култура во овој регион. Ја користам приликата да ги повикам граѓаните и од другите градови да присуствуваат на сите настани –рече градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот