Османи: Малта прифати да претседава со ОБСЕ идната година

Малта е подготвена да го преземе претседавањето со ОБСЕ наредната година, објави министерот за надворешни работи и актуелен претседавач со Организацијата, Бујар Османи. Според неофицијалните информации, одлуката е донесена во Виена со консензус.

На својот профил на Икс (Твитер) Османи напиша:

„Големи одлуки го отвораат патот кон консензус за претседавањето со ОБСЕ наредната година ќе бидат потврдени на Министерскиот состанок во Скопје. Благодарност до Малта за подготвеноста да ја преземе оваа витална улога и до сите колеги за флексибилноста и поддршката“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот