Османи го назначи поранешниот министер Нуредини за специјален претставник на ОБСЕ за климатски промени

Насер Нуредини министер за животна средина / Фото: ,,Слободен печат" - Драган Митрески

Климатските промени се една од клучните теми на македонското претседателство со ОБСЕ, а потврда за тоа е првата Конференција за климатски промени на Организацијата.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во улога на претседавач со ОБСЕ пред почетокот на Конференцијата што се одржува во Виена информираше дека за Специјален претставник за климатски промени го назначил Насер Нуредини, поранешен македонски министер за животна средина и просторно планирање.

– Ја поздравувам идејата за спроведување на детална евалуација на нашите најнови обврски. Ова место нуди идеален амбиент за споделување иновативни идеи и размена на најдобри практики меѓу сите земји-учеснички. Ова е нов пристап, за прв пат во историјата на ОБСЕ, кој обезбедува политичка поддршка на заложбите на ОБСЕ за ублажување на климатските промени и нивните последици – изјавил Османи за медиумите.

Тој, како што соопштија од МНР, додал дека сеопфатниот пристап на ОБСЕ кон безбедноста значи барање на кооперативни решенија за справување со сложените предизвици создадени од климатските промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот