Османи: Еден позитивен момент во трагедијата е тоа што членуваме во НАТО

бујар османи
Бујар Османи, министер за надворешни работи/ Фото: Слободен печат

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во вечерашната емисија „24 анализа“ рече дека амбасадата во овие тешки услови се обидува да ги услужи граѓаните кои не ја напуштиле Украина, а од денеска тоа ќе оди и потешко.

Шефот на дипломатијата не прецизира дали Македонија ќе прати војници, ако се активира членот 5, ако Русија напредува на некоја од земјите-членки.

– Нашиот амбасадорот таму е со екипата и како се активираат алармите за вздушни напади, дадов инструкција да ја напуштата земјата и да одат во соседните држави. Имаме неколку граѓани во други градови во Украина и сега е потешко, нема комерцијални летови. Тие со кои имаме комуникација се безбедни, им доставувме патни исправи, но нема начин како да ја напуштат земјата. Немаме информации дека некој е повреден. Мапиравме 100 граѓани таму, од кои некои се семејства на наши државјани, а 30 се во специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ и тие се под аранжман на генералниот секретаријат на ОБСЕ, 12 ја информираа амбасадата дека ја напуштаат земјата. Ако има позитивен момент во ова е дека сме членка на НАТО. Одлуките ги носиме врз база на времени, квалитетни информации. Целосно сме вклучени во сите тела и ја нудиме и нашата контрибуција. – рече Османи.

Тој посочи и дека нашата земја е целосна вклучена во сите тела на Алијансата.

-Еден позитивен момент во оваа трагедија е дека сме членка на НАТО.Тоа е квалитативно голема разлика и во пристапот на информациите и одлуките кои се носат се засновани на навремени и квалитетни инфоемации.Целосно сме вклучени во сите тела на Сојузот и ја нудиме нашата котрибуција и во брзото донесување на одлуки и во солидализирање во мисиите кои ќе ги превземе Алијансата, кажа Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот