Организаторите на фестивалот во Венеција морале да спречат средба на Анџелина Џоли и Бред Пит

Фото: COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia// EPA-EFE/TAMAS KOVACS HUNGARY OUT

Холивудските ѕвезди, Бред Пит и Анџелина Џоли се обидуваат да избегнат средба додека ги промовираат своите филмови на овогодинешниот филмски фестивал во Венеција. Имено, организаторите се погрижиле поранешните сопружници да не се сретнат, за да се избегнат непријатни ситуации, пренесува „Пејџ сикс“.

„Анџелина ќе биде присутна првиот ден, четврток, 29 август, а потоа ќе отпатува на филмскиот фестивал „Телуриде“ во Колорадо со режисерот Пабло Ларен. Бред доаѓа во Венеција во сабота. Нема шанси да се вкрстат нивните патишта“, изјавил уметничкиот директор на фестивалот, Алберто Барбера.

Фото: COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Џоли завчера пристигна во Италија за да го претстави својот филм „Мари“, кој зборува за животот на оперската пејачка Марија Калас. Пит ќе го претстави филмот „Волци“ во Венеција, во кој глуми со Џорџ Клуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот