Општина Гази Баба гради три фитнес-зони

Фото: Општина Гази Баба

Во тек се градежни активности за изградба на три фитнес-зони на територија на општина Гази Баба. Вакви зони се градат во Хиподром во рамки на спортскиот центар „Вера Јоциќ“, потоа во Стајковци во рамки на спортскиот центар „Иван Илиев“, како и во Инџиково кај спортскиот терен на вештачка трева.

Градоначалникот Бобан Стефковски вели дека со реализацијата на овој проект се овозможуваат услови за спортување и рекреација на граѓаните.

Во изминатиот период фитнес-зони се изградени во Триангла, Колонија и Керамидница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот