ОПЕК ги зголеми прогнозите за побарувачката на нафта

ОПЕК/ Фото: Архива

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ги зголеми своите среднорочни и долгорочни прогнози за глобалната побарувачка на нафта, предвидувајќи дека мотори на нејзиниот раст ќе бидат Индија, Африка и Блискиот Исток.

Во 2028 година, светската побарувачка на нафта треба да достигне 111 милиони барели дневно (bpd), објави ОПЕК во својата годишна прогноза, зголемувајќи ја минатогодишната проценка за 800.000 барели дневно, информира Хина. За 2029 година тие предвидуваат побарувачка од 112,3 милиони барели дневно.

Меѓу причините за зголемените прогнози, ОПЕК наведува посилно економско опкружување во споредба со минатата година благодарение на намалувањето на инфлацискиот притисок и пониските трошоци за задолжување. Рестриктивната монетарна политика ја забави активноста во водечките економии, што обично подразбира намалена потрошувачка на енергија. Во иднина, изворот на побарувачката ќе се промени „Изворот на побарувачката во иднина ќе бидат земјите во развој поради растечката популација, средната класа и урбанизацијата“, изјави генералниот секретар на ОПЕК Хајтам Ал Гаис за време на презентацијата на извештајот во Бразил.

„Врвната побарувачка на нафта сè уште не е на повидок“, напиша Ал Гајс во предговорот на извештајот. Во новопокачените прогнози, ОПЕК издвојува побавна транзиција кон електрични возила и почисти горива.

До 2050 година на патиштата ќе има 2,9 милијарди возила, 1,2 милијарди повеќе од минатата година, прогнозира ОПЕК. Тие, исто така, проценуваат дека, и покрај поголемиот број електрични возила, оние со мотори со внатрешно согорување ќе учествуваат со повеќе од 70 отсто од вкупниот број ширум светот до 2050 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот