ОН: Oколу 250.000 Палестинци погодени од наредбата за евакуација на Кан Јунис

Официјален претставник на Обединетите нации вели дека околу 250.000 луѓе живеат во областите во јужниот дел на Газа каде Израел нареди нова масовна евакуација.

Израелската армија нареди евакуација од поголемиот дел од Кан Јунис, знак дека војниците најверојатно ќе започнат нов копнеен напад во вториот по големина град во Појасот Газа.

Градот Кан Јунис, претрпе широко распространето уништување за време на офанзивата на почетокот на годината.

Ова е трета масовна евакуација наредена за помалку од три месеци.

На евакуираните им е кажано да бараат засолниште во распространетиот шаторски камп долж брегот кој е веќе преполн.

Директорот на Европската болница лоцирана во зоната за евакуација, рече дека установата е речиси евакуирана, а последните пациенти и медицински лица чекаат транспорт до други медицински установи.

По издавањето на првичната наредба за евакуација, војската појасни дека Европската болница нема потреба да се евакуира.

Палестинските милитанти истрелаа бараж од околу 20 проектили кон Израел од Кан Јунис во понеделникот, без да предизвикаат жртви или штета.

Над милион Палестинци побегнаа од јужниот град Рафах во мај, откако Израел започна операции таму.

Израелските сили постојано се враќаа во областите на Газа каде што претходно дејствуваа. Палестинците и хуманитарните групи велат дека никаде на територијата не се чувствува безбедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот