Официјално: Заниоло се врати во Серија А

Фото: atalanta.it

Николо Заниоло се врати во Италија и во наредната сезона ќе го носи дресот на Аталанта, потврди денеска клубот од Бергамо.

Галатасарај од Аталанта за позајмицата ќе добие сума од околу 3.5 милиони евра, а во договорот има и обврска за перманентен трансфер од 16.5 милиони евра, плус дополните 2.5 преку бонуси.

Процент од трансферот ќе добие Рома, но трансферот е добра вест и за Јувентус, бидејќи се отвора можност Аталанта да го пушти Копмајнерс во Торино.

„Аталанта со задоволство може да соопшти дека Николо Заниоло пристигнува на позајмица до јуни 2025 година со обврска за трансфер под одредени услови“, стои во соопштението на Аталанта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот