Официјално: Лука Циндриќ од следната сезона во Веспрем

фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Хрватскиот ракометар Лука Циндриќ од Букурешт замина во унгарски Веспрем. Циндриќ кој игра на средната надворешна позиција, потпиша двегодишен договор со опција за продолжување на уште две сезони.

По само една сезона тој го напушти романскиот Динамо Букурешт во кој пристигна од Барселона во 2023 година.

Претходно во кариерата настапуваше за Огулин, Карловац, Металург Скопје, Вардар и Киелце. Со Вардар успеа во 2017 година да ја освои Лигата на шампионите.

– Циндриќ е искусен играч за врска, што го докажа во неколку сезони во Лигата на шампионите. Откако се договоривме со Чави Пасквал, јасно беше дека ќе ни треба уште еден играч на средната позиција за да ја спроведеме неговата филозофија. Затоа решивме да го донесеме хрватскиот плејмејкер.

Пред потпишувањето, тој беше подложен на лекарски преглед, каде лекарите утврдија дека сè е во ред. Сигурни сме дека тоа ќе биде од голема помош – рече директорот на Веспрем Чаба Барта за Циндриќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот