Официјално: Динамо Загреб го врати поранешниот тренер

Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Ненад Бјелица се враќа на клупата на Динамо Загреб точно 1625 дена откако си замина. Бјелица во клубот пристигнува на местото на Сергеј Јакировиќ кој доби отказ по слабиот страт на сезоната.

Денеска клубот од „Максимир“ и официјално ги потврди претходните најави за враќањето на миленикот на навивачите на Динамо.

Бјелица беше без клуб по отказот од Унион Берлин, а не брзаше со пронаоѓањето на нов клуб бидејќи до вчера беше под договор со германскиот клуб кој редовно му ја исплаќаше договорената плата.

Но, по неколку дена преговори Бјелица одлучи да се откаже од она што го добиваше од германскиот тим за да седне на клупата на клубот од Берлин. Претходно како опција за клупата на Динамо каде што настапуваат и македонските фудбалери Аријан Адеми и Стефан Ристовски се споменуваше Фабио Канаваро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот