Официјален Киев: Украина нема да отстапи ни дел од територијата за компромис со Русија

Фото: МИА архива

Украина не е подготвена да постигне компромис со Русија и да отстапи од кој било дел од својата територија за да заврши војната, изјави шефот на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак.

Јермак ова го изјави синоќа во Вашингтон, коментирајќи ја изјавата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека може брзо да го прекине конфликтот во Украина доколку биде избран за претседател на САД во ноември.

Британските медиуми пренесуваат дека Јермак кажа дека Украина ќе ги послуша сите совети за да постигне, како што наведе, „праведен мир“, но дека не може да прави компромиси кога станува збор за независноста, слободата, демократијата, територијалниот интегритет и суверенитет.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе ја заврши војната доколку Киев се согласи да ги предаде четирите украински региони на истокот и југот на земјата што Русија ги анектираше.

Јермак е во посета на Вашингтон пред самитот на НАТО следната недела во овој град, каде што се очекува Украина да биде главна тема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот