Офицер од БиХ одбил да се ракува со австриска министерка поради „верски убедувања“

FENA / ilustracija

Офицер од Босна и Херцеговина одбил да се ракува со австриската министерка за одбрана Клаудија Танер за време на приемот на новите офицери во австриските вооружени сили во Терезијанската воена академија во Виенер Нојштат, јави телевизијата „Н1“, повикувајќи се на агенцијата БЕТА и австрискиот весник „Курир“. Босна и Херцеговина соопшти дека оправдувањето на офицерот е дека „неговите верски убедувања не му дозволуваат да се ракува со жена“.

Офицерот веднаш бил исклучен од церемонијата и не му бил врачен ниту традиционалниот прстен на Академијата, а ова беше потврдено од Министерството за одбрана на Австрија.

Се наведува дека заменик-министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Славен Галиќ, бил однапред известен дека офицерот нема да се ракува со министерката, поради што тој не бил ниту поканет на бината.

Министерката Танер го изразила своето незадоволство, а Галиќ се извини во име на Босна и Херцеговина, пишуваат медиумите.

Австрија со години обучува воен персонал од Босна и Херцеговина и Црна Гора со цел да ја зајакне стабилноста во регионот.

Овие земји немаат свои офицерски школи, а претходно ги обучуваа своите офицери во Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот