Одвојте само пет минути во денот: Трик што ќе го спаси вашиот брак

Фото: Pexels/ Katie Salerno

Почетокот на љубовната врска е толку возбудлив. Тогаш сè уште уживаме во романтиката и нежноста на слатките страсти и ни се чини дека вечно ќе лебдиме на меките облаци на љубовта. Силните чувства на љубов и нежност на почетокот се постојани, како и интимните активности. Во овој период сакаме да го поминеме целото време на светот еден со друг, а неколку дена без разговор, гушкање се незамисливи и траат вечно.

Но, по одредено време за повеќето парови, во некоја реална средина, се случува промена. Најчесто не се работи, затоа што нивната љубов згаснала, туку затоа што вистинскиот живот ги замешал прстите во тие слатки моменти. Кога улогата на љубовник ќе се претвори и во улога на работник, родител, готвач, дадилка и возач, посветеноста меѓу партнерите за жал завршува на дното на листата на приоритети, пишува „Дејли мејл“.

Многу често се случува да ги изразиме секојдневните животни фрустрации на саканата личност, а понекогаш со денови не ѝ кажуваме ниту еден убав збор. Брачните советници истакнуваат дека ова е една од главните причини за разделба, па можеби треба да бидеме посвесни за нашите постапки и за начинот на кој се однесуваме со саканата личност.

Познатиот американски психолог Белиндка Вилијамс, го предложува своето револуционерно правило од пет минути, за кое истакнува дека може да го спаси вашиот брак.

Станува збор за практикување на т.н. микро-моменти, кои ќе го стават фокусот на вашата сакана личност и вашата врска, а треба да ги правите несвесно. Тоа се спонтани, мали моменти на среќа, кои можат долгорочно да ја променат целата врска – и романтична и сексуална.

Секој ден посветете ѝ барем еден мал момент на саканата личност, но само на неа, без никакво одвлекување на вниманието.
Прегрнувајте се цврсто, држете се за раце додека одите на спиење, изразете ѝ благодарност секогаш кога ќе добиете прилика, погледнете ја директно во очи и изразете ѝ љубов, никогаш не пропуштајте прилика да ѝ дадете комплименти и да кажете дека изгледа или мириса убаво.

Вилијамс објаснува дека, така, брзо ќе ја создадете вашата нова рутина, без која секојдневниот живот ќе ви биде незамислив, а потоа ќе сфатите дека љубовта сè уште е присутна, само требала да се поттикне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот