Одложено изрекувањето на пресудата заТрамп за случајот актерката Сторми Даниелс

Судија од Њујорк кој го води случајот пари-за-молчење против Трамп го одложи изрекувањето на пресудата на републиканскиот претседателски кандидат за 18 септември, јавија американските медиуми.

Изрекувањето на пресудата е одложено за 18 септември во 10 часот, објави судијата Хуан Мерчан.

Претходно денеска беше објавено дека обвинителите во случајот не се противат на таквото одложување по значајната одлука за имунитетот на Трамп, донесена вчера од Врховниот суд.

Случајот се однесува за прикривање на купувањето на молкот на порно ѕвезда за да ја спречи да открие интимна врска со Трамп, што тој негира дека имал со неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот