Одбиена амнестијата за Пуџдемон

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Врховниот суд на Шпанија денеска одби да го амнестира поранешниот претседател на сеператистичката Влада на Каталонија, Карлес Пуџдемон.

Според Врховниот суд амнестијата не може да се примени на дело проневера на средства и оти останува во сила налогот за апсење на Пуџдемон поради проневера на пари, непослушност и тероризам.

Пуџдемон, по неуспешниот обид за отцепување на Каталонија во 2017 година, е во егзил во Белгија. Тој на одлуката на Врховниот суд може да поднесе жалба.

Парламентот на Шпанија на 30 мај го одобри Законот за амнестија на каталонските сепаратисти кои беа вклучени во неуспешниот обид за прогласување независност во 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот