Од Солунското пристаниште до Ниш, преку македонска железница

Фото: Evanthia Kazantzidou / google maps

Друштвото „Солунско пристаниште“ (ThPA S.A) започна со нов редовен превоз со блок-возови меѓу Солун и Ниш, Србија. Првиот блок-воз што ги превезува контејнерите на „CMA CGM S.A.“ – француска компанија за транспорт на контејнери, пионер во транспортниот и логистичкиот сектор, тргна од контејнерскиот терминал на Солунското пристаниште на 17 август и пристигна на терминалот „М бокс“ во Ниш, истиот ден, односно целиот транзит траеше само 16 часа.

Услугата е овозможена како резултат на соработката помеѓу компанијата што го менаџира Солунското пристаниште и железничките компании од Грција, Македонија и Србија, а вклучени се и други приватни и јавни субјекти.

Извршниот претседател на Управниот одбор и Управниот директор на „ThPA S.A.“ Танос Лиагкос изјави:

– „ThPA S.A.“ доследно ја спроведува својата развојна стратегија и инвестициски план со акцент на надградба на инфраструктурата и опремата на пристаништето, а истовремено го подобрува железничкото поврзување на пристаништето Солун со граничните земји. „ThPA S.A.“ се развива во пристаниште од меѓународно значење, способно да прима директни повици на бродови од главните линии што ги поврзуваат Југоисточна, Централна, Источна Европа и Балканот со остатокот од светот, нудејќи додадена вредност и можности за раст на сите наши партнери.“

Од септември 2022 година, возовите ќе поаѓаат од Солун и од Ниш секоја недела во среда и во сабота, пристигнувајќи во ист ден на нивните соодветни дестинации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот