Од следната година патарина ќе се наплаќа и на брзите патишта во Србија

Министерот за градежништво и транспорт, Горан Весиќ, во интервју за Курир потврди дека од следната година ќе се наплаќаат патарини и на експресните патишта, а за шлеперите и на автопатите.

Тој додаде дека на овие патишта нема да има наплатни пунктови, а цената ќе биде пониска отколку на автопатите. На најважните автопатишта ќе се наплаќаат патарини за шлепери со осно оптоварување од над седум и пол тони“, рече Весиќ.

Тој додаде дека за наплата на патарина ќе се користи многу успешен систем од Унгарија и дека веќе е потпишан договор за тоа. Весиќ рече и дека во Србија до крајот на 2026 година ќе бидат изградени 180 километри брзи патишта, објави Политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот